Рио Фердинанд откри дека Ван Нистелрој и Анри имале лудо ривалство како Меси и Роналдо

Легендата на англискиот фудбал, Рио Фердинанд, смета дека ривалството кое го имале неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој и Тјери Анри од Арсенал било неверојатно. Руд и Анри се бореа за титулата прв стрелец во Премиер лигата, како и за трофеи со своите клубови.

Холанѓанецот со Црвените ѓаволи ги освои сите најзначајни трофеи во англискиот клупски фудбал, а Анри беше член на „Непобедливите“ на Арсенал, кои цела сезона истераа без ниту еден пораз, и освои две титули во Премиер лигата и по неколку купа.

Фердинанд објасни колку било големо нивното ривалство.

„На големите играчи им треба ривалство. Такво ривалство имаа Ван Нистелрој и Анри. Ние се боревме за титули, а честопати по победа од 3-1 или 4-1, Руд беше разочаран во соблекувалната затоа што Анри тоа коло постигнал повеќе голови од него. Мислев дека е луд“, изјави Ван Нистелрој.

- Оглас -

Најнови вести