Ришарлисон си играше мајтап со Ливерпул и стана потенцијално засилување на Реал Мадрид

Бразилскиот напаѓач Ришарлисон Андраде, кој игра за Евертон, исмејуваше една група навивачи на Ливерпул кои не заминаа на финалето во Париз затоа што не им дошол автобусот.

Неговата објава на која има монтажа од слика како тој вози автобус, стана хит меѓу фановите на Евертон, но Ришарлисон можеби летово ќе ги напушти Карамелите и ќе премине во редовите на Реал Мадрид.

Карло Анчелоти одлично ги познава можностите на Ришарлисон, кого го тренираше во Евертон, и во него гледа подобра резерва за Карим Бензема отколку Лука Јовиќ.

- Оглас -

Најнови вести