Ришарлисон со провокативен поздрав до Аргентина, се јави Де Паул да го потсети што се случи пред пола месец (фото)

Фудбалската селекција на Аргентина не ја помина групната фаза на олимпискиот турнир, а ремито со Шпанија го следеа дел од бразилските фудбалери, меѓу кои беше и нивната прва ѕвезда на турнирот, Ришарлисон од Евертон.

Тој по мечот се фотографираше со соиграчите и им посака довидување на Гаучосите, но обидот да провоцира не му успеа бидејќи набрзо се јави Родриго де Паул.

Новиот играч на Атлетико сподели фотографија за да го потсети Ришарлисон што се случи пред половина месец, кога во големото финале на Копа Америка, Аргентина ја освои титулата совладувајќи ги Кариоките среде Рио, кои го бранеа трофејот.

- Оглас -

Најнови вести