Ришарлисон станува Петел, Конте носи засилување и од Барселона

Тотенхем е на прагот да го комплетира трансферот на Ришарлисон од Евертон за сума од 50 милиони фунти плус бонуси. Офанзивецот на Карамелите ќе ги изврши медицинските прегледи во родниот Бразил, по што Петлите ќе може да се пофалат со новото засилување.

Во меѓувреме, Антонио Конте ќе добие и нов дефанзивец, и тоа од Барселона. Клубот од Лондон е во напредни преговори за позајмување на Клемен Ленгле, што би ги чинело околу шест милиони евра.

Тотенхем очигледно сериозно ја сфати работата и веќе има осигурени освежувања во екипата за новата сезона. Од претходно се ангажирани Иван Перишиќ, Ивес Бисума, како и искусниот Фрејзер Фостер за втор голман.

- Оглас -

Најнови вести