Ристовски дебитираше со црвен картон за Динамо Загреб

По потпишувањето за Динамо Загреб, Стефан Ристовски веднаш доби место во стартниот тим. Левиот бек беше во првите 11 на денешниот дерби меч против Осиек, но не го дочека крајот, затоа што доби црвен картон. Покрај Ристовски, стандардно предводник на Динамо со капитенската лента беше вториот наш репрезентативец Аријан Адеми.

Динамо победи минимално со 1:0 во дербито и тоа благодарение на голот постигнат по само 15 минути игра. Во второто полувреме гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, но не успеаа. Ристовски во период од сами пет минути доби два жолти картони, па мораше да биде исклучен од игра.

Најпрво во 72 минута направи фаул за жолт картон, а веќе во 77 минута по втор пат доби јавна опомена и мораше да излезе од игра. За среќа на Ристовски, Динамо успеа и со играч помалку да ја сочува предноста и да стигне до трите бода.

Со оваа победа Динамо сега има 48 бода од 21 меч, додека Осиек е втор со 45 бода.

- Оглас -

Најнови вести