Ристовски е подготвен за јубилеј, ја шие педесетката за Спортинг

Стефан Ристовски ќе го игра педесеттиот меч за Спортинг Лисабон во втората сезона како член на „лавовите“ од Лисабон.

Тренерот Марсел Кајзер нема дилеми и се почесто го има во стартната постава нашиот стандарден репрезентативец, на позицијата десен бек, па се очекува вечерва од 19 часот против Шавес, Ристовски да стаса до котата 50.

Досега има 49 настапи во сите натпреварувања, а освои и два трофеи со Спортинг и двата во Лига купот.

„Се чувствувам одлично во Лисабон и очекувам да го продолжам престојот во редовите на Спортинг“, вели Ристовски.

Првата сезона во португалското првенство, Ристовски одигра 8 меча и не беше стандарден, но веќе оваа сезона игра почесто и е се поредовно во првиот тим.

- Оглас -

Најнови вести