Ристовски е во топ 5 најдобро оценети фудбалери, но и најдобар странец во хрватското првенство (Фото)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија и член на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, се најде на одличната петта позиција на најдобро отценетите фудбалери во хрватското првенство.

Десниот бек е еден од шесте фудбалери на Динамо Загреб кои се најдоа на листата на десетте најдобри фудбалери според Софаскор.

Просечната оценка на Ристовски е 7.20, а подобро рангирани од него се само неговите клупски колеги Мишиќ, Периќ и Иванушец, како и фудбалерот на сплитски Хајдук, Марко Ливаја.

- Оглас -

Најнови вести