Ристовски и брани и погодува од гол на гол, Вардар има гол предност по првото полувреме

Вардар има мнногу мака со незгодниот португалски тим Порто и по првото полувреме бркаше негатива во поголемиот дел од мечот, a „црвено-црните“ ќе го почнат второто полувреме со позитива од 13:12.

Првите 30 минути минаа во знакот на двајцата наши познати голмани, Борко Ристовски кај Вардар и Николче Митревски, кои имаа по 8 одбрани и доминираа во салата “Јане Сандански“.

Ристовски трипати погоди и од гол на гол и и даваше сигурност на играта на Вардар против незгодниот Порто. По почетната предност на домаќините од 4:2, Порто со серија од 6:0 поведе со 8:4, потоа и со 9:5, но Вардар покажа зошто е двоен европски првак и полека, но сигурно ја стопи негативата и ќе продолжи со гол предност во завршните 30 минути.

- Оглас -

Најнови вести