Ристовски и соиграчите преживеале опсен хорор во Алкочете – Руи Патрисио сведочеше: Хулигани ме избркаа од клубот во кој минав 18 години

Руи Патрисио, кој брани за англсикиот премиерлигаш Вулверхемптон, сведочеше преку конференциска врска за нападот на група хулигани врз играчите на Спортинг што се случи на 15. мај во 2018 година.

Група од околу 40 хулигани на чуден начин се проби во Алкочете Академијата на Спортинг и ги нападна играчите на клубот од Лисабон. Меѓу нападнатите беше Руи Патрисио, кој тогаш бранеше за популарните „Лавови од Лисабон“, но и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој се уште е член на Спортинг.

Еден месец подоцна Патрисио побара раскин на договорот и потпиша за Вулверхемптон.

„Морав да заминам од Спортинг. Срцето ми се стегаше, бидејќи дотогаш Спортинг ми беше единствениот клуб за кој сум бранел. Беше морбидно при нападот во Алкочете, но и потоа. Не се чуствував безбедно, иако полицајци го чуваа мојот дом. И сега имам страв кога доаѓам во Лисабон. Се плашам да не налетам на истите хулигани, кај кои постоеше само омраза. Семејството ми е пред се и морав да заминам во Англија“, е дел од изјавата на одличниот португалски голман.

За него разделбата со Спортинг беше особено емотивна, бидејќи беше дел од клубот цели 18 години. Од 2000 до 2006 година Руи ги мина младинските категории на клубот, а потоа во следните 12 сезони имаше 327 настапи за сениорскиот тим.

При нападот во Алкочете беше и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, но за среќа не беше повреден. Најлошо мина Баст Дост, холандскиот интернационалец, кој како и Патрисио си замина од Спортинг, а имаше повреди на главата.

Се шпекулираше дека нападот го организирал сега веќе поранешниот претседател на клубот Бруно Де Карвалјо, кој исто така е во улога на сведок, но лесно може да се најде и на клупата за обвинети.

- Оглас -

Најнови вести