Ристовски капитенски: Нема замор кога треба да се игра за репрезентацијата!

Репрезентативниот десен бек и капитен, Стефан Ристовски, не ни помислил да одмора и да ги пропушти натпреварите со Финска и Азербејџан, иако од јуни наваму одигра повеќе од 35 меча за неговиот клуб Динамо Загреб.

„Со Динамо од јуни наваму одиграв над 35 меча, но денес ако сакаш да играш фудбал на високо ниво, мора да се прифати предизвикот, тој е распоредот. Не треба да бараме алиби, репрезентацијата е свето нешто и многу играчи сонуваат да играат во националниот дрес и така ние треба да гледаме затоа мора овие два меча да ги одработиме максимално“, изјави Ристовски.

Македонија беше поразена од Бугарија и Грузија на последните два меча во Лигата на нациите, па самодовербата малку е падната.

„Секогаш кога излегуваме на терен, сакаме да победиме. Низ вакви мечеви треба да ја вратиме самодовербата. Лесно се губи самодовербата, а тешко се враќа. Мора да напредуваме како колектив и да гледаме напред“, вели капитенот.
- Оглас -

Најнови вести