Ристовски казнет со два меча, комплетно го пропушта двомечот со Порто

Стефан Ристовски нема да игра на следните два меча за Спортинг и двата против Порто, едниот во првенството на Португалија, а вториот многу поважен во финалето на Португалскиот куп.

Фудбалската федерација на Португалија го казни нашиот репрезентативец со два меча суспензија откако десниот бек на Спортинг викендов на мечот со Тондела беше исклучен.

Во ситуација кога беа далеку од топката, Ристовски и играчот на Тондела имаа контакт, а наивно бекот на Спортинг го удри ривалот и по прегледување со помош на ВАР-системот беше исклучен.

Следниот викенд Спортинг ќе му биде гостин на Порто, без Ристовски во составот, а на 25 мај двете екипи ќе играат меѓусебе за пехарот во националниот куп.

Ристовски со Спортинг веќе освои еден трофеј сезонава, тој во Лига купот и повторно против Порто, по подобро изведување на пенали.

 

- Оглас -

Најнови вести