Стефан Ристовски разочаран: „Мислам дека го изгубивме првото место“

Динамо Загреб игра катастрофално лошо во Европа оваа сезона, а катастрофата за нив е уште поголема ако се знае дека играат во третото по ранг клупско натпреварување, Конференциската лига, иако амбициите им беа настап во Лигата на шампионите. Загрепчани вторпат по ред се поразени во Конференциската лига, овојпат од Викторија П’лзењ со 0-1 на домашен терен.

„Кога нема да дадеш гол, ќе примиш. Разговаравме дека не смееме да примиме гол. Им се извинувам на сите навивачи на Динамо за лошите резултати во последно време. Мора да сфатиме дека го носиме дресот на Динамо. Мора да го оправдаме тоа. Викторија е европска екипа која знае да игра вакви натпревари. Не нѐ изненадија, но мислам дека првото мест, за жал, е изгубено, но би било штета да не ја минеме оваа група“, по натпреварот изјави македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

Динамо во минатото коло изненадувачки беше поразен од косовскиот Балкани со 2-0 во Приштина и сега има само три поени, колку што имаат и Балкани и Астана, додека Викторија П’лзењ е убедливо првопласирана со максимални девет поени од три натпревари. Модрите од Загреб оваа сезона имаат и доста проблеми во домашното првенство, каде што имаат заостанување позади Риека и Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести