Ристовски пак даде гол за Динамо, Адеми изнуди пенал што го утна Дрмиќ

Стефан Ристовски го постигна својот втор гол за Динамо Загреб во последните три кола и со неговиот погодок хрватскиот гигант води со 1:0 против Истра во премиерниот меч од 21. коло во ХНЛ.

Десниот бек на Модрите и капитен на македонската репрезентација беше прецизен во 37. минута, а само 8 минути претходно се истакна и Аријан Адеми, вториот наш репрезентативец што игра во Динамо.

Над него беше направен фаул за пенал, но Јосип Дрмиќ ја здрма стативата и не го реализира ударот од белата точка.

Со голот на Ристовски, Динамо имаше предност од 1:0 по првото полувреме, а потоа во второто полувреме му беа поништени два гола на фаворитот од Загреб, па по 70 минути игра важечки на мечот е само погодокот на македонскиот репрезентативец.

 

 

- Оглас -

Најнови вести