Ристовски растура со голови, Митревски пак се пријави за најдобра одбрана на колото (Видео)

Борко Ристовски нанижа 14 одбрани и постигна неверојатни 4 погодоци од гол на гол, а одлично и на спротивната страна за Порто брани Николче Митревски.

Двајцата македонски голмани и репрезентативци брилјираат во „Јане Сандански“ а чуварот на мрежата на Вардар е за нијанса со повеќе одбрани од Митревски,кој фати 10 топки.

Голманот на Порто исто така повторно има свој ден и пак со прекрасна двојјна одбрана се пријави во изборот за најдобра одбрана на колото во Лигата на шампионите.

Минатата рунда Митревски го имаше и потегот на колото и најдобрата одбрана кога со невиден потег одбрани обид за цепелин на ракометарите на ПИК Сегед.

- Оглас -

Најнови вести