Ристовски се трка со времето за да го прекине малерот против Бенфика

Стефан Ристовски не патуваше со Спортинг Лисабон на завршните подготовки во САД, а и вчера тренираше одвоено со помал интензитет, со цел докрај да ја санира повредата.

Македонскиот репрезентативец вечерва од 20 часот веројатно нема да игра против Валенсија на традиционалниот меч што Спортинг го игра пред сезоната за трофејот „Пет виолини“.

Надеж има дека десниот бек на Спортинг ќе може да игра против Бенфика во Суперкупот на Португалија на 4. август, откако поради два црвени картони во кус рок во ланската сезона пропушти дури три дуели со шампионот на Португалија.

Поради исклулчување на настапи против „орлите“ на првенствениот меч на трети февруари. Потоа поради пропуст на Фудбалската федерација на Португалија, која не го извести Спортинг навреме за намалување на казната од два на еден меч за Ристовски не играше ниту на првиот меч од полуфиналето во купот со Бенфика, за потоа да го пропушти и реваншот, повторно поради црвен картон заработен претходно.

Португалското првенство почнува на 11. август, а Спортинг ќе му гостува на Маритимо во првото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести