Ристовски се врати на терен, Илиев е резервен голман на Арсенал

Стефан Ристовски, десниот бек на македонската репрезентација, вечерва игра за Спортинг за првпат по паузата од речиси два месеци, а дуелот со Ворскла му е камбек.

Ристовски на 25-ти октомври се повреди на мечот со Арсенал во Лигата на Европа и оттогаш нема играно.

И Дејан Илиев досега не беше во составот на Арсенал, а вечерва му е резерва на Мартинез на мечот од последното коло во Лигата ан Европа против украинска Ворскла.

Резерва е и Иван Тричковски кај АЕК Ларнака против Баер Леверкузен, во меч без резултатско значење и за двете екипи. Даниел Мојсов, кој му е соиграч на Тричковски, е повреден и е надвор од составот на тимот од Кипар.

Поради жолти картони, Елиф Елмас не игра за Фенербахче против Спартак Трнава, а од таа причина не игра ниту Аријан Адеми за Динамо Загреб против Андерлехт на „Максимир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести