Данскиот тенисер Холгер Руне, кој годинава бележи слаби настапи на турнирите, преку социјалните мрежи добива смртни закани. Неговата мајка Анеке објави каква порака му била упатена на Холгер.
Имено, неименуван фанатик се заканил дека ќе му зарие нож во вратот на Холгер Руне и потоа ќе му ја отсече главата.
“Е**н ку*кин син! Те чекам. Ќе те уловам и ќе ти заријам нож во вратот, а потоа ќе ти ја отсечам глупавата глава. Тоа ќе биде на сите вести. Проклетство, тоа ќе биде лекција и за сите останати. Доаѓам по тебе, ќе умреш од тап нож“, била морбидната закана која му била упатена на тенисерот.
Холгер Руне моментно се наоѓа на седмото место на АТП ранг-листата.