Ривалдо и Хаџи порано играа заедно во Барселона, сега заедно ќе бидат сопственици на романски клуб

Поранешните фудбалери на Барселона, Георге Хаџи и Ривалдо, сега повторно ќе соработуваат и тоа во Романија, бидејќи станаа сопственици на тимот на Фарул.

Хаџи и Ривалдо од 1997 до 2001 година заедно го носеа дресот на Барселона, а сега Бразилецот одлучи да ја прифати понудата од Романецот и да се стане косопственик на тимот на Фарул.

Хаџи е сопственик и тренер на Фарул, но бидејќи сака да се фокусира на тренерската кариера, му предложи на Ривалдо да ги презеде обврските околу раководењето со тимот.

- Оглас -

Најнови вести