Ривалдо: Не бев во Бразил, а и да бев, немаше да присуствувам на погребот на Пеле!

Некои од најславните бразилски фудбалери во поновата историја, беа критикувани што не се појавиле на последното испраќање на Кралот на фудбалот, Пеле, па еден по еден почнаа да се оправдуваат.

Кака испрати соопштение во кое призна дека е грешка што не бил на погребот, а Ривалдо не жали за својата постапка.

„Не бев во Бразил на денот на погребот, но и да бев, не сум сигурен дека би отишол на погребот“ – вели 50-годишниот Ривалдо.

„Пеле беше најдобар на сите времиња, но не сакам да им оддавам почит на луѓето откако ќе починат. Не сум таков. Го запознав Пеле, неколку пати сме разговарале, го почитувам, му се воодушевувам, му давав чест додека беше жив, и совеста ми е чиста“ – додава некогашната ѕвезда на Барселона и член на последната бразилска селекција (од 2002 година) која стана светски првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести