Ривалите Реал Мадрид и Барселона станаа први пријатели

Реал Мадрид и Барселона можеби никогаш порано во историјата не имале толку пријателски односи како во моментов.

Иако Жоан Лапорта до претседателското место во каталонскиот клуб дојде благодарение на провокации кон Реал и ветување дека ќе го задржи Лионел Меси, кое се покажа како лажно, сепак, тој е близок пријател со актуелниот прв човек на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, со кого влечат многу заеднички потези.

Летово и Реал и Барса се ослободија од свои легенди кои заминаа во ПСЖ, а заедно со Јувентус, шпанските гиганти го сочинуваат триото кое уште сонува за Суперлига и даваат заеднички соопштенија.

Дека односите на Реал и Барса се затоплени, покажува и „пактот за ненапаѓање“. Ова значи дека додека се Перес и Лапорта на чело, Реал нема да купува играчи од Барса и Барса нема да купи играч од Реал.

Мадриѓаните беа многу заинтересирани за талентот Илаиш Мориба, кој веројатно ќе ја напушти Барса, но лично Перес ги стопирал разговорите и можниот трансфер за да не се замери со Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести