Консеисао од Порто не ја заборави трагичната смрт на Ана Оливеира од Спортинг

Серџо Консеисао не ја заборави Ана Оливеира, трагично починатата млада кошаркарка на Спортинг Лисабон, и истакна дека и тој и целиот тим на Порто жалат за загубата на клубот што им е голем ривал.

Смртта на Ана Оливиера, која загина минатиот петок откако беше удрена од автомобил во Лисабон, ја потресе цела Португалија и особено спортската јавност.

„Скршен сум по ваков трагичен настан. Ја користам оваа прилика да го прегрнам семејството на Ана и да им изразам сочуство од мое име и во име на Порто. Сочуство и до спортското семејство на Спортинг. Ривалството се заборава во вакви тешки моменти, кога е загубен еден млад живот“ истакна Консеисао на прес-конференцијата пред утрешниот дерби-дуел со Спортинг.

Порто е домаќин на популарните Лавови од Лисабон и ако победи на мечот што ќе се игра утре од 22.30 часот, ќе ја освои 29-тата шампионска круна во Португалија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести