Риверс ја продолжи соработката со ЛА клиперс

Док Риверс ја прифати понудата од ЛА клиперс и ќе остане да ја води франшизата од Лос Анџелес и во следните неколку години. Засега не е познато колку точно ќе се задржи во „Градот на ангелите“, но по успешната сезона во која Клиперс се пласираше во разигрувањата, искусниот стратег има намера да продолжи да го развива проектот.

Тренерот со шампионско реноме, пред извесно време ги демантираше шпекулациите дека ќе го преземе градскиот ривал ЛА лејкерс, посочувајќи дека Клиперс е средината во која сака да работи.

„Јас не мрдам од тука. Да бидам појасен и да ги разрешам сите дилеми, Клиперс е местото каде сакам да работам уште долго време“, истакна Риверс.

Клиперс сезонава како осмопласирани од Западот учествуваа во разигрувањата, а во првата рунда беа елиминирани од шампионот Голден стеј ворирос по шест меча, односно со 4-2.

 

- Оглас -

Најнови вести