Ризик е, ама вреди да се одигра – Пандев и Несторовски, тандем стрелци со квота 9,30

Многу значаен меч ќе играат денеска Удинезе и Џенова од 19.30 часот, а еден против друг на „Дачија арена“ или познатиот Фриули во Удине ќе биде македонскиот тандем напаѓачи Илија Несторовски и Горан Пандев.

Капитенот на македонската репрезентација, против Нестор-гол во меч за бодови што се исклучително важни во битката за опстанок во Серија А.

Ветеранот и еден од најдолговечните активни фудбалери во Калчото, Пандев игра извонредна сезона и со 7 гола е прв стрелец на Џенова, заедно со Кришчито и Лападула. И денеска од него се очекува значаен придонес во нападот на гостите, кои бијат битка за секој бод, бидејќи се во многу незавидна ситуација и со само еден бод над опасната зона за испаѓање.

Пандев беше стрелец на неколку прекрасни голови сезонава во Серија А, погоди и против Удинезе во првиот дел од сезоната, а денеска во понудата на Sport Life квотата за гол на ветеранот е 3.25.

Илија Несторовски досега постигна два гола за Удинезе, најчесто влегува од клупата за составот од Удине, а со погодок против Рома во минатото коло ја запечати победата против фаворитот и најави подобар гол-ефект во последните 9 кола.

Популарниот Нестор-гол е мал фаворит во однос на Пандев и за погодок на 30-та на Удинезе коефициентот во Sport Life е 2.85. Или заедно за македонскиот тандем на тикет квотата е 9,30.

Време за уплата има, мечот почнува во 19.30 часот и вреди да се одигра македонски тикет со тандемот репрезентативци, денеска на мегдан еден против друг во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести