Ризик јак – ПСЖ фрла сè на една карта, Мбапе ќе игра против Сити

Клилијан Мбапе и Пари Сен Жермен ќе одат на ризик и веројатно е дека најдобриот играч на Светците ќе игра вечерва против Манчестер сити во реванш-полуфиналето во Лигата на шампионите.

Повредата на листот на десната нога не е наивна, а видливо беше дека Мбапе не може нормално да се движи пред полетувањето од Париз за Манчестер вчера.

Сепак, француските медиуми најавуваат дека Килијан инсистирал да игра, па веројатно Маурисио Покетино ќе го вклучи во составот.

ПСЖ го загуби првиот меч со 1:2 на домашен терен, ризик е Мбапе, кој е ровит дополнително да ја влоши ситуацијата со повредата ако игра вечерва од 21 часот, со што Светците би останале без најсилниот адут во битката за шампионската круна во Фрабција, а притоа и да испаднат во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Во Лига 1 на три кола пред крајот, ПСЖ е на второто место со 75 бода, еден помалку од лидерот Лил во трката на двете екипи за титулата во Франција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести