Робертсон: Во текот на сезоната не пијам, но кога ќе заврши…

Енди Робертсон е еднакво заслужен за пофалбите на сметка на Ливерпул како и сите останати играчи за нивниот сензационален поход кон шампионската титула во Премиер лигата, но и за успехот од минатата сезона. Шкотскиот бек е еден од највредните и најенергични фудбалери на теренот, а зошто е тоа така, тој вели дека додека трае сезоната води сметка за своето тело.

„Ако сакате да бидете фудбалер, треба да инвестирате со вашиот живот. Кариерите ни се кратки и никој не сака да заврши на медицински третмани. Јас секогаш давам сè од себе за да бидам максимално подготвен, а тоа подразбира и водење сметка за моето тело. Имам посебен режим на исхрана, додека алкохолот го заборавам во текот на сезоната. Но, кога ќе заврши, да не ме сфатите погрешно, сепак јас сум Шкотлаѓанец и уживам во алкохолот кога немам обврски“, истакна Робертсон.

Инаку, Енди сезонава не пропушти ниту еден натпревар во Премиер лигата, а во 21 меч досега реализира еден гол, додека намести шест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести