Роденденски Еврогол на Дардаи – Херта конечно победи во 2023 година, растат шансите за опстанок (Видео)

Мартон Дардаи постигна еврогол за Херта против Борусија Менхенгладбах и беше клучен човек за првата победа на тимот од Берлин во 2023 година.

Младиот 21-годишен играч на Херта упати неверојатна бомба од 30-на метри што беше неодбранлива и со тоа си подари најубав дар за роденденот.

Нико Елведи во 17. минута им донесе предност на гостите од Менхенгладбах, но потоа Херта нанижа четири гола за пресврт од 4:1 и прва победа во 2023 година.

Екипата од Берлин е на 16. место со 17 бода, два помалку од Бохум кој е прв над зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести