Роџер Федерер е најбогат спортист на светот за 2020 година

Тениската легенда, Швајцарецот Роџер Федерер е најскапоплатениот спортист на светот за 2020 година, според рангирањето на магазинот „Форбс“. Тенискиот Маестро, кој има 38 години и е рекордер по бројот на титули на Гренд слемите, во изминатите месеци од турнири и спонзори заработил дури 106,3 милиони долари, па направи скок за четири места и стана прв тенисер кој бил прв според заработката. Над 100 милиони му се од спонзорите.

Второто место го држи Кристијано Роналдо со 105, трет е неговиот колега Лионел Меси со 104 милиони, а во Топ-5 влегоа уште Нејмар и кошаркарот Леброн Џејмс.

Пандемијата од корона-вирусот ги оштети финансиски Меси и Роналдо и му го отвори патот на тенисерот за првпат да стане најскапоплатен спортист на светот. Кај жените, прва е јапонската тенисерка Наоми Осака, а таа е вкупно 29-та на листата.

- Оглас -

Најнови вести