Роџер Федерер упати важна порака (Видео)

Легендарниот тенисер Роџер Федерер реши преку својот Инстаграм профил да се изјасни за моменталната ситуација со опасниот Коронавирус. Како еден од највлијателните личности во Швајцарија, од Федерер беше побарано да даде совет на сите оние кои не се придржуваат на препораките да се остане дома во изолација.

„И јас останав дома и веќе подолго време не се ракувам со никого. Често ги мијам рацете како што ни советуваа. Верувам дека е најважно сега да си помогнеме едни на други. Посебно затоа што сакаме да им помогнеме на постарите луѓе“, порача Федерер.

- Оглас -

Најнови вести