Роџерс потпиша со Лестер до 2022 година, но вечерва нема да го води тимот против Брајтон

Брендан Роџерс и официјално е промовиран како нов тренер на Лестер, но вечерва нема да го предводи новиот клуб од клупата против Брајтон.

Роџерс потпиша договор со важност до јуни 2022 година и ќе дебитира против својот поранешен клуб Ватфорд во недела.

Новиот менаџер на „лисиците“ направи интересен маневар и го напушти кормилото на Селтик, тим кој е на прагот на нова титула во Шкотска и одлучи да се врати во Англија.

Лестер ќе му биде петтиот клуб во Англија на 46-годишниот Ирец, а претходно беше менаџер на Ватфорд, Рединг, Свонси и Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести