Роџерс се жали на распоредот: Ова е смешно, пред 48 часа игравме со Сити, вечер со Ливерпул

Тренерот на Лестер изрази незадоволство од распоредот на Премиер лигата, според кој, неговиот тим треба да игра со Ливерпул само по 48 часа откако се сретна со Манчестер сити. Црвените имаа шест дена одмор бидејќи нивниот меч со Лидс кој требаше да се игра завчера, беше одложен.

„Распоред е смешен, сите го знаеме тоа. Играчите не се целосно закрепнати по мечот со Сити, смешно е што вечер треба да играме со Ливерпул. За овој меч ќе се подготвуваме само теоретски и со освежување“, вели Роџерс, кој има и многу повредени играчи.

- Оглас -

Најнови вести