Родители се степаа на ватерполо-меч (Видео)

Срамни сцени се снимени на ватерполо-натпревар помеѓу младите категории на Партизан и Београд, поточно ватерполисти до 14 години. Општата тепачка помеѓу родителите на трибините придонесе мечот да биде прекинат.

Српските медиуми пишуваат дека сударот бил жесток, а она што е посебно неверојатно е тоа што во целата приказна највоинствени биле мајките на ватерполистите. Полицијата морала да реагира и да ги раздвои „хулиганките“, а стигна и брза помош за да им се даде медицински третман на повредените во инцидентот.

Овој меч од квалификациите за Купот на Србија е прекинат на две и пол минути до крајот, а ќе треба да биде доигран денеска. Неверојатно е и што двата тима обезбедија пласман во следната рунда и мечот немаше големо резултатско значење, но не и за родителите кои се поделија на два табори и решија да се тепаат.

- Оглас -

Најнови вести