Фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик, и официјално на социјалните мрежи потврди дека стапил во брак со пет години постарата манекенка од него, Габриел Миранда. Ендрик пред два месецa наполни 18 години, а неговите родители останале шокирани кога дознале за бракот. Ендрик и Габриел во врска се помалку од една година, а неговите родители постојано се противеле на оваа врска.
Сепак, вистинскиот шок следувал откако дознале за предбрачниот договор кој го потпишале фудбалерот и манекенката, а за кој Ендрик зборуваше во гостување на поtкаст.
Според неговите зборови, тие постојано еден на друг треба да си кажуваат „те сакам“ без разлика на ситуацијата, потоа да си купуваат подароци еден на друг, а Ендрик како пример ја кажа неговата желба за скапи слушалки за телефонот, која Габриел веднаш му ја исполнила. Сепак, најголемиот проблем настанал со клаузулата со која Габриел за себе си обезбедила голема сума пари во случај да се разделат.