Родителите се тепаа на трибините, фудбалерите им свртеа грб (Видео)

На фудбалски третолигашки натпревар помеѓу јуниори во шпанскиот град Малага на кој играа екипите на Пуерто ла Торе и Ринкон се случи една необична ситуација.

Откако на трибините се случи тепачка во која главни актери беа родителите на децата коишто играа на терен, судијата го прекина мечот, фудбалерите од двете екипи сплотени, во знак на протест решија да им завртат грб на присутните на трибината на која се случи инцидентот, а добија и аплаузи од сите коишто не учествуваа во тепачката.

Погледнете го видеото кое стана хит и потегот за кој децата добија многу пофалби.

- Оглас -

Најнови вести