Родриго го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2028 година

Бразилскиот напаѓач Родриго го продолжи договорот со Реал Мадрид и сега е врзан за Кралскиот клуб до 30 јуни 2028 година. Исто како и во случајот со Винисиус, кој потпиша до 2027, откупната клаузула за 22-годишниот Родриго е 1 милијарда евра.

Родриго сезонава не е ефикасен како што се очекуваше, има само 2 гола и 1 асистенција на 14 меча, но во Реал Мадрид веруваат во него и тој уште долго ќе го носи белиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести