Родриго: Му благодарам на Бог што ми помогна да дојдам во Реал Мадрид

Родриго Гоис денеска беше претставен како нов член на Реал Мадрид. Мегаталентот на Сантос пред неколку месеци потпиша договор, но се чекаше да стане полнолетен за да прмине од Бразил во Шпанија.

Станува збор за еден од најдобрите млади бразилски напаѓачи кои се појавиле во последните години и многумина го споредуваат со Нејмар. Но, конкуренцијата е силна, во Реал има многу крилни и централни офанзивци, па дали Родриго ќе заигра покрај Винисиус, со кого беа заедно во јуниорската селекција на Бразил, останува да се види. Но, ако Реал продаде неколку од своите крилни играчи, како Бејл, Асенсио и Лукас Васкес, не е исклучено Родриго да игра и за првиот тим на Реал.

Родриго не би имал ништо против во следната сезона да игра за Кастилја, Реал Мадрид Б, а потоа од 2020 да се бори за место во првиот тим.

„Би сакал да му се заблагодарам на Господ за тоа што го направи за мене, за моето семејство. Им благодарам на фамилијата и на претседателот Перес за довербата во мојата работа. Очекувам на сите кои ме поддржуваат да им донесам многу радости. Хала Мадрид“, рече Родриго пред новинарите, а потоа замина на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ во првото појавување пред фановите во белиот дрес.

На последниот тренинг во Сантос неговите сега веќе поранешни соиграчи на шега го залепија Родриго за стативата, порачувајќи му дека не сакаат да мрдне од таму бидејќи губат соиграч кој даде 17 гола и стана најмлад Бразилец во историјата кој постигнал гол во Копа Ливертадорес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести