Родриго објасни зошто го прослави погодокот како Роналдо (Видео)

Родриго беше херојот на Реал Мадрид во победата над Челзи со 2-0, со оглед на тоа дека беше стрелец на двата погодока. Но, зошто првиот погодок го прослави како Кристијано Роналдо?

Родриго има интересно објаснување зошто го направил тоа.

„Вистината е дека сакав да паднам на колена, но не можев бидејќи претходно имав мала повреда токму на коленото. Тогаш прво што ми дојде на ум е да го прославам погодокот како мојот идол Кристијано Роналдо. Пресреќен сум и се надевам дека ќе продолжам да играм вака“.

Реал Мадрид во полуфиналето го очекува подобриот од дуелот Баен Минхен – Манчестер сити, а тоа веројатно ќе биде англиската екипа со оглед на предноста од 3-0 од првиот дуел против Баварците.

- Оглас -

Најнови вести