Родриго по стапките на Роналдо во дресот на Реал Мадрид

Прв шут и веднаш гол. Брзилецот Родриго влезе во богатата историја на Реал Мадрид како втор фудбалер кој најбрзо постигнал гол откако дебитирал во белиот дрес. Родриго даде гол само 93 секунди по неговото прво влегување во игра кај Реал.

Пред Родриго, најмалку време поминато во игра до првиот гол за Реал имаше неговиот славен сонародник Роналдо, кој на дебито за Реал во 2002 година од првиот шут постигна гол само по 60 секунди на теренот.

Родриго има 18 години и 260 дена, а со таа возраст тој е трети најмлад странски стрелец за Реал. Пред него се Рафаел Варан (18 години и 152 дена) и Винисиус (18 години и 206 дена).

„Тренерот има доверба во мене и затоа работите тргнаа на добро. Контролата е клучна во фудбалот. Ако добро ја контролирате топката, остатокот од акцијата оди полесно. Треба постојано да покажувам дека можам вака да играм. Немам зборови, сонував за вакво нешто, секогаш си замислував како навивачите го скандираат моето име“, рече Родриго.

- Оглас -

Најнови вести