Родриго вечно ќе ги памети дебитантските шест минути и 14 секунди во ЛШ (Видео)

Фантастично деби за Реал Мадрид во Лигата на шампионите игра екстраталентираниот Бразилец Родриго, а головите на самиот старт на мечот против Галатасарај во рок од 6 минути и 14 секунди се најбрз двоец од погодоци на ист играч во историјата на Лигата на шампионите.

https://www.youtube.com/watch?v=IiI_5PKE9IQ

Родриго првпат погоди во четвртата минута, а непосредно потоа пак беше прецизен за 2:0. Со 18 години и 300 дена, сега Родриго е најмладиот Бразилец што бил стрелец во луксузното клупско европско натпреварување.

https://www.youtube.com/watch?v=-KRvnbdj0Ik

По него гол даде и Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, со удар во стилот на популарната „Паненка“ од белата точка, а Кралскиот клуб води со 4:0 по првото полувреме, по погодокот на Карим Бензема во последните моменти.

https://www.youtube.com/watch?v=ImYFT1VrLm0

- Оглас -

Најнови вести