Ројс ја држи Борусија на врвот

Марко Ројс постигна гол во 92 минута за победа на Борусија Дортмунд од 3-2 на гостувањето кај Херта во Берлин, задржувајќи ги „милионерите“ на првото место на бундеслигашката табела. Дортмунд има три бода повеќе од Баерн кој има и еден меч помалку, па после испаѓањето од ЛШ, ќе се фокусира на домашната лига.

Херта со два гола на Калу (од четирите гола, три му се против Борусија), водеше со 2-1 на полувреме, но во финишот примија гол и средбата ја завршија со двајца играчи помалку кои беа исклучени, од кои едниот откако Ројс погоди за пресврт.

Борусија сезонава има дадено дури 7 гола после 90-та минута и тоа е голем плус за нив во трката за титулата. Нивна среќна ѕвезда е дефанзивен Вајлг, кој секогаш (осум пати) кога е стартер, Борусија победува.

- Оглас -

Најнови вести