Ројс: Секоја недела исти ср*ња

Борусија Дортмунд вчера по вторпат испушти бодови во Бундеслигата и сега заостанува со три бода зад лидерот Лајпциг. На гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт беа блиску да оставарат посакуван резултат, но автоголот на Дилејни на пет минути до крајот од мечот ги одреди конечните 2-2.

По дуелот, Марко Ројс како капитен на тимот мораше да одговори на новинарските прашања. Германецот се изнервира кога го прашаа дали на Дортмунд му недостасува фокус и посветеност до крај да ги издржат натпреварите, па без влакна на јазикот им одговори на првокаторите.

„Почнувате да ме нервирате. Секоја недела исти ср*ња, исти прашања. Кога го примивме вториот гол, се браневме идиотски, а не затоа што на тимот му недостасува фокус и посветеност. Тука станува збор само за погрешна реакција на одбраната и тоа е тоа. Да ни недостасуваше фокус или, пак, да не се посветувавме целосно на предизвиците, ќе бевме во многу полоша ситуација, затоа ве молам, без глупави прашања веќе“, истакна Ројс.

 

- Оглас -

Најнови вести