Рокерот Освалдо му се врати на фудбалот

Дани Освалдо, поранешниот напаѓач на Рома и Интер, по три и пол години ја прекина пензијата и му се врати на фудбалот. Освалдо официјално е член на аргентинскиот прволигаш Банфилд, со кого потпиша договор до крајот на сезоната.

Искусниот голгетер во август 2016 година ја прекина фудбалската кариера со цел да се посвети на музиката поради љубовта кон „rock&roll“, но очигледно му недостасувала фудбалската топка, по што одлучи да ги брани боите на клубот во којшто што ги направи првите чекори во најпопуларниот спорт.

Освалдо последно го носеше дресот на Бока јуниорс, додека покрај Рома и Интер, играше уште за: Фиорентина, Лече, Болоња, Еспањол, Саутхемптон, Порто и кратко време за Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести