Ролан Гарос заврши за сите француски тенисерки

Сите француски тенисерки се елиминирани од Ролан Гарос уште во второто коло.
Последна надеж беше Осеан Додин која загуби од Тунижанката Онс Жабер во два сета и тоа со 6:2,6:3 за 72 минути игра.

Првата носителка, Ига Швјонтек, која е актуелна шампионка на Ролан Гарос, денеска ја оствари 30-та победа годинава откако со 6:4,6:0 ја совлада Американката Клер Лиу.
Наредна противничка на Швјонтек ќе и биде Ксин Вен од Кина која беше подобра од Швеѓанката Ребека Патерсон.

Пласман во третото коло обезбеди и Олга Даниловиќ која беше подобра од Италијанката Паолини, како и Коко Гоф која ја елиминира Грабхер од Австрија во два сета.

Кај мажите се случи уште едно големо изненадување, Даниел Алтмаер по пет и пол часа игра во пет сета го елиминира осмиот носител, Јаник Синер од Италија.

Алтмаер со победата му се реваншира на Италијанецот за поразот на САД Опен, минатата година. Во третото коло го очекува дуел со Григор Димитров кој во три сета беше подобар ос Емил Русувуори од Финска.

Пласман во третото коло обезбеди и Бразилецот Тијаго Сејбут Вајлд кој по победата над Данил Медведев на стартот, сега по победи Аргентинецот Гвидо Пеља во четири сета.

- Оглас -

Најнови вести