По победата на Рома над Фиорентина од 1-0, римската Волчица има серија од 19 лигашки мечеви по ред без пораз, и сега се четврти на табелата, имаат ист број бодови како и петтиот Лацио, еден повеќе од Јувентус, а два од Болоња со кои ќе се борат за пласман во Лигата на шампионите.
Рома во првите 16 кола сезонава во Серија А имаше дури осум порази. Осмиот пораз беше на 15-ти декември на гости против Комо. Рома беше во долниот дел на табелата и ситуацијата изгледаше безнадежна. Но, надежта и вербата не го напуштија тренерот Клаудио Раниери кој во тимот вметна победнички менталитет.
Рома има три лигашки победи по ред сите со по 1-0. Денеска голот на Артем Довбик и одбраните на Миле Свилар беа доволни за победа над Виолетовите од Фиренца.