Рома го договори првото засилување

Скапи засилувања не се во преден план на Рома со оглед на тоа дека клубот се наоѓа во финансиска криза, но тоа не значи дека во редовите на Римската Волчица нема да се појават нови лица. За следната сезона Рома го договори првото засилување кое доаѓа од Милан и не чини ниту банка.

Италијанските медиуми тврдат дека Џакомо Бонавентура ги прифати условите да го облече дресот на гигантот од „Олимпико“, во најскоро време искусниот играч за врска ќе потпише тригодишен договор, според кој ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона. На Бонавентура му завршува соработката со Милан на 1 јули и клубот му дозволи да си замине без отштета, а пред заинтересираните Торино и ексклубот Аталанта, повремениот репрезентативец на Аѕурите го одбра клубот од Рим.

Бонавентура од 2014 година запиша 171 настап за Росонерите, во кои реализира 34 гола и намести 24, а честите повреди изминативе сезони го спречуваа во целост да ги оправда средствата.

- Оглас -

Најнови вести