Поранешниот англиски репрезентативец, а сега член на екипата на Рома, Крис Смолинг, е пред трансфер во Саудиска Арабија и тоа во екипата на Ал-Феиха. Смолинг своевремено беше фудбалер и на Манчестер јунајтед, а од 2019-тата е член на Рома. „Римската волчица“ за неговите услуги тогаш плати вкупно 18 милиони евра.
Преодниот рок во Саудиска Арабија трае уште два дена, па толку време имаат двете екипи да се договорат околу висината на обесштетувањето. Смолинг минатата сезона имаше проблеми со повредите, па за Рома одигра само 12 натпревари. Во периодот од 2011-тата до 2017-тата беше и репрезентативец на Англија и дресот на „гордиот албион“ го носеше на 31 натпревар.