Рома го „растури“ Фрозиноне и се врати во игра за пласман во ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Рома им се вратија на победите, откако со убедливи 0-3 го победија Фрозиноне на гостински терен. Римската волчица минатото коло загуби во дербито од Интер, но со денешната победа се врати во игра за пласман во Лигата на шампионите.

Рома со 41 бод е шесттопласирана и има по четири бода помалку од Аталанта и Болоња кои се на четвртата и петтата позиција на табелата.

Творци на денешната победа за „римската волчица“ беа Хујсен, Азмун и Паредес.

- Оглас -

Најнови вести