Рома и Манчестер веќе немаат право на кикс

6030 Рома – Хелсинки (21 ч.)

Рома веќе киксираше во Лигата на Европа и загуби во Разград од Лудогорец, така што ново разочарување не смее да има. Хелсинки реално треба да е најслаб тим во оваа група, па на гостувањето на „Олимпико“ тешко да освојат бод.

Малку е чудно тим предводен од Жозе Мурињо да прими дури осум гола на последните пет меча, па одбраната на Рома на овој меч треба да покаже дека сепак може 90 минути да ја сочува мрежата незатресена.

Предлог тип: 1-1&2-4 (2.45)

 

6027 Шериф – Манчестер јунајтед (18:45 ч.)

Молдавскиот првак Шериф минатата сезона во Лигата на шампионите го победи Реал во Мадрид, што е доказ дека е екипа која не се плаши од никого. Сега Шериф игра во Лигата на Европа и во првото коло убедливо со 3:0 победи на гости кај Омонија, но сега за ривал го има Манчестер јунајтед.

Црвените ѓаволи во првото коло дома загубија од Сосиедад и сега никако не смее повторно да не освојат бодови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

6730 Силкеборг – Вест хем (21 ч.)

Иако игра на домашен терен, ќе биде големо изненадување ако Силкеборг не загуби од Вест хем. Чеканите се свежи затоа што викендов не играа во Англија, па сигурно ќе сакаат да стигнат до шест бода по првите две кола во Конференциската лига.

На осум од последните 10 меча во сите натпреварувања, Силкеборг игра дефанзивно, па затоа нема повеќе од два гола.

Предлог тип: 2&0-3 (2.45)

 

6729 Партизан – Ница (21 ч.)

Партизан ќе ја има поддршката од трибините, но Ница сигурно во Белград е дојдена по бодови. На последните три меча на Партизан имаше по шест погодоци, што може да биде најава за интересен дуел, иако Ница е типична француска екипа, па многу ретко игра меч со повеќе од два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

6022 Мидтјиланд – Лацио (18:45 ч.)

Во данското првенство, Мидтјиланд игра лошо и само по девет кола, има двојно помалку бодови од лидерот. Лацио е расположен за погодоци и во последните пет гола постигна 11 погодоци, па и на ова гостување римјаните треба да покажат дека се многу подобри од домаќинот.

Предлог тип: 2&3+ (2.75)

 

- Оглас -

Најнови вести