Рома имаше 18 шута повеќе од Верона но загуби, Вест хем со само 22 отсто посед на топка го растури Брајтон

Фудбалските возбудувања во најсилните лиги во Европа веќе се во полн ек, вчера се одиграа многу натпревари, а два привлекоа посебно внимание. Верона направи изненадување н на свој терен со 2:1 ја победи Рома, па со максимални шест бода има старт од соништата во Серија А.

Пред почетокот на дуелот, Рома ја имаше улогата на фаворит, но резултатот на крајот покажа нешто друго. Два гола во првото полувреме даде Верона и потоа во вториот дел успеа да се одбрани од налетите на Волчицата.

На крајот, статистиката на овој меч е неверојатна во споредба со конечниот резултат. Рома имаше 72 отсто посед на топка, гостите имаа дури 23 шута кон противничкиот гол наспроти само пет удари на Верона, а Волчицата изведе и 12 корнери додека домаќините само еден. Сите овие статистички податоци кои покажуваат доминација на Рома се за џабе, кога на крајот, Верона ги освои трите бода.

Кога се работи за разлика меѓу статистиката и резултатот, нешто слично на тоа што беше во Верона се случи и во Премиер лигата. Брајтон кој започна со две победи, на свој терен го пречека Вест хем и беше фаворит за победа.

Сепак, Вест хем изненади и на крајот славеше со 3:1, иако ако се погледне статистиката, Чеканите биле во подредена улога. Само 22 отсто посед на топка имаше Вест хем, гостите упатија дури 14 удари помалку од Брајтон, а и корнерите беа убедливо на страна на домаќините. брајтон изведе 17 удари од аголот наспроти само четири на гостите, но сите овие статистички податоци се џабе, кога Вест хем постигна три гола и на крајот ги освои трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести