Рома имаше лесен противник, на Мурињо му се пишува десетка на дебито со Римската волчица

Жозе Мурињо на клупата на Рома дебитираше со десетка на пријателски меч против нисколигашот Монтекатини. Мечот беше пријателски и прв за Специјалниот на клупата на Римската волчица.

Навивачите на Рома можат да се радуваат на уште една убава вест. Во тимот се врати Николо Заниоло, кој долго паузираше откако на двапати ги кинеше лигаментите на двете колена, но сега се врати на терен и во второто полувреме ја носеше капитенската лента и постигна и гол на мечот против Монтекатини.

Хет-трик забележа Борха Мајорал, по еден погодок дадоа и Карлес Перес, Манчини, Калафјори, Залевски и Дијавара, а Монтекатини си постигна и автогол за убедлива победа на Рома од 10:0 на дебито на Мурињо на клупата на калчолигашот.

Новата сезона во Серија А ќе почне на 22 август, а Рома ќе игра со Фиорентина во првото коло.

 

 

- Оглас -

Најнови вести