Рома на непристоен начин ја славеше победата над Лацио, особено претера Манчини (Фото+Видео)

Победата од 1-0 во големото римско дерби против Лацио, ги фрли во делириум навивачите, но и играчите и стручниот штаб на Рома.

Ривалството на двата римски клуба е големо и трае со децении, но некогаш се надминуваат и границите на спортскиот ферплеј. Така беше и вчера, играчите на Рома претераа.

Додека траеше средбата, Пауло Дибала ги извади штитниците за потколеницата и му ги покажуваше на Матео Гендузи кој е Французин. На штитниците имаше слика како Аргентина ја слави светската титула со победа на пенали во финалето над Франција. Ова е најмалиот грев што го направија играчите на Рома и се смета за обична провокација.

Најдалеку отиде Џанлука Манчини кој истрча кај јужната трибина на која се најзапалените фанови на Волчицата и зеде знаме кое гордо го вееше. На знамето со клупските бои на Лацио имаше слика од стаорец. Целата екипа на Рома се сликаше со знаме на кои пишува „анти Лацио“, а во позадина беше и стаорецот.

За однесувањето на Манчини кој го даде голот за победа, можно е има парична казна, историјата покажува дека малку е веројатно да има суспензија.

https://twitter.com/i/status/1776675888848929222

 

- Оглас -

Најнови вести